Бајден ги продолжи санкциите кон Русија поради Крим

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден го продолжил за една година режимот на санкции воведен против Русија во 2014 година поради ситуацијата во Украина и Крим, се вели во официјалното соопштение на Белата куќа.

„Акциите и политиките дискутирани во претседателските декрети продолжуваат да претставуваат исклучителна закана за интересите на националната безбедност и надворешната политика на САД. Затоа, режимот за итни случаи треба да остане во сила и по 6 март 2021 година … и ќе трае уште една година “, се вели во образложението на Бајден, кое било испратено до Конгресот.

Режимот на вонредната состојба, која предвидува воведување санкции против една земја, редовно ја продолжува американската влада. Таквиот режим бил воведен против Русија со низа претседателски декрети во март 2014 година поради настаните на Крим и источна Украина, по што Вашингтон започна кампања за воведување санкции против Москва.

Да потсетиме, Крим стана дел од Русија во 2014 година, по референдумот на кој убедливо мнозинство од жителите на овој полуостров гласаа за влез во Руската Федерација.

Слични содржини