Бајден го нарекол Трамп „тотална будала“ затоа што не носел маска

од Nikola Popovski

Демократскиот претседател кандидат, Џо Бајден во вторникот го нарекол својот републикански опонент Доналд Трамп „тотална будала“ затоа што не носи маска на јавните настани, тврдејќи дека недостигот на цврсто водство на Трамп во пандемија „чини човечки животи“.

Одлуката дали да се носи маска за лице во јавноста или не стана контроверзно прашање на националната политичка битка, според која двајцата американски претседателски кандидати излегле со многу различни пристапи, пренесува Хина.

Одлуката на Бајден да носи маска на отворено на Денот на сеќавањето, за време на неговиот прв настап во јавноста од март, го привлекло вниманието на Трамп, кој на Твитер објавил слика на Бајден со коментар: „Ова може да помогне да се објасни зошто Трамп не сака да носи маска во јавноста“.

Американскиот претседател одбил да носи маска пред камерите за време на низата јавни настани, вклучувајќи го и Денот на сеќавањето.

„Тој (Трамп) е будала, потполна будала, затоа што така зборува. Дури и водечките лекари во светот велат дека треба да носите маска, кога сте во толпа“, изјавил Бајден во снименото интервју за Си-Ен-Ен.

Бајден го нарече однесувањето на Трамп „мачо глупости“ и лажно мажествено однесување, кое ги чини луѓето живот.

Центарот за контрола и превенција на болести препорачува да се носи маска за лице во јавноста онаму каде што е тешко да се спроведуваат мерки за социјално растојание.

Слични содржини