Бајден го отвори Самитот за климатски промени

од Stefanija Kuzmanovska

Со обраќањето на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, во онлајн формат денеска започна Самитот за климатски промени, чиј домаќин се САД и на кој присуствуваа повеќе од 40 светски лидери, пренесува „Анадолија“.

Фокусот за време на дводневниот самит ќе биде насочен кон намалување на емисиите на јаглерод во следните 10 години, промовирање на недржавни актери кои работат на економските придобивки од климатските активности, особено преку вработување, технологија на трансформација и глобални климатски промени.

Во својот воведен говор, американскиот претседател Бајден рече дека ефектите од климатските промени се опфатени и во планот за инфраструктура кој го претстави.

 

Слични содржини