Бајден го поддржа правото на децата да изберат пол: Пристигна реакција од руски епископ

од Stefanija Kuzmanovska

Пропагирањето на промена на полот кај децата треба да биде кривично дело, изјави епископот Иларион Алфејев, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, на ТВ мрежата „Русија 24“.

Неговиот коментар следуваше како одговор на неодамнешната изјава на Џо Бајден за поддршка на наводното право на децата да изберат пол.

– Операцијата за промена на полот не е „ништо повеќе од осакатување“ – одговори Алфејев.

Тој смета дека е кривично дело да се подложуваат деца на такви постапки или дури и да се пропагираат.

54-годишниот православен епископ додаде дека според него, едно лице не може воопшто да го менува полот, туку само создава илузија на промена и дека децата треба да имаат право да пораснат за да донесуваат такви одлуки.

Алфејев смета дека вештачкиот полов орган не функционира како машки полов орган, туку создава илузија дека жената станала маж.

Рускиот епископ рече дека операциите за промена на полот и пропагандата за промена на полот се богохулство.

Слични содржини