Бајден го повлекува системот „Патриот“ од Персискиот Залив

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател му нареди на Пентагон да започне со повлекување на противракетниот систем „Патриот“, како и на другите воени единици од Персискиот Залив, за да можат тие да бидат распоредени на друго место.

Пентагон веќе повлече најмалку три батерии „Патриот“ од регионот, вклучително и една во базата „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, објави „Волстрит журнал“.

Американците исто така го повлекоа носачот на авиони, системот за набудување и другите воени сили од Блискиот исток, според американскиот весник.

Некои од овие воени сили би можеле да бидат распоредени на друго место, бидејќи американскиот претседател најави дека нема да ги поддржува операциите на Саудиска Арабија во Јемен, а се чини дека неговата политика ја намалува важноста на Блискиот исток, фокусирајќи се на Русија и Кина, за кои смета дека главни конкуренти, според „Волстрит журнал“.

Според изворите на тие медиуми, Американците размислуваат и за повлекување на дополнителни воени сили, вклучително и системот за противвоздушна одбрана за одбрана од балистички ракети THAAD, како и надзорни беспилотни летала и противракетни батерии.

Една од причините за ваквиот потег е што Пентагон сака Саудиска Арабија да преземе поголем товар за одбрана на својата територија. Соодветно на тоа, Пентагон создаде тим од официјални лица чија задача е да ги испита можностите како да и помогне на Саудиска Арабија да ги заштити своите територии и нафтените постројки. Опциите вклучуваат продажба на системи за пресретнување ракети, подобрување на размената на разузнавачки информации и дополнителна воена обука, според „Волстрит журнал“.

Слични содржини