Бајден и Џонсон разговарале за Авганистан, следната недела состанок на Г7

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон синоќа разговараа за Авганистан и се договорија следната недела да одржат виртуелен состанок на лидерите на Групата 7 на кој ќе се разговара за заедничка стратегија и пристап, соопшти Белата куќа.

Двајцата лидери „разговараа за потребата од продолжување на тесната координација меѓу сојузниците и демократските партнери во врска со понатамошната политика кон Авганистан“, се вели во соопштението.

Белата куќа додава дека ова важи и за „начините на кои глобалната заедница може да обезбеди дополнителна хуманитарна помош и поддршка за бегалците и другите ранливи Авганистанци“.

Слични содржини