Бајден и Харис го контактирале семејството на Флојд: „Ни олесна, ќе има правда!“

од Nikola Popovski

Претседателот и потпретседателката на САД, Џозеф Бајден и Камала Харис, го контактирале семејството на убиениот Џорџ Флојд, по денешната пресуда против полицаецот Дерек Човин. Тој беше осуден за убиството на Флојд по сите три точки, и најверојатно целиот свој живот ќе го помине во затвор. Бајден и Харис истакнаа дека сега им се олеснанло и дека правдата ќе почне да се спроведува во САД.

Видеото на социјалните мрежи го сподели семејниот адвокат на Флојд, Бен Крамп. Во оваа прилика, Бајден рекол дека тој и потпретседателката Харис им е полесно по донесената пресуда.

„Ништо нема да ја подобри ситуацијата, но барем сега има малку правда“, му порачал Бајден на семејството на Флојд.

Тој им рекол дека биле „неверојатни“ за време на толку тежок период и дека „се молел пресудата да биде праведна“.

Бајден ќе даде дополнителни коментари за пресудата и случајот подоцна во Белата куќа.

Камала Харис ветила „дека нешто добро ќе излезе од оваа трагедија“.

Слични содржини