Бајден и официјално става крај на „најдолгата американска војна“: „Го испративме Бин Ладен до портите на пеколот“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Јас сум четвртиот претседател на САД што командува со нашите војници во Авганистан. Двајца беа републиканци, двајца беа демократи. Не сакам да ја пренесам оваа одговорност на петтиот. Дојдов до заклучок дека е време да се стави крај на најдолгата американска војна. Време е американските трупи да се вратат дома“ – рече претседателот на САД, Џо Бајден за време на обраќањето до нацијата од собата на Рузвелт во Белата куќа.

Како што рече, ова ќе стави крај на „најдолгата американска војна“, а последното повлекување ќе започне на 1 мај.

– Нема да брзаме да ги повлечеме силите. Ние ќе го сториме тоа одговорно и безбедно и во целосна соработка со нашите партнери и сојузници, кои сега имаат повеќе војници во Авганистан отколку што имаме ние. Талибанците треба да знаат дека ако не нападнат додека се повлекуваме, ќе се браниме себеси и партнерите со сите средства што ги имаме на располагање – рече тој.

Слични содржини