Бајден изненаден од резултатите од изборите во Бундестагот

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден со изненадување реагираше на резултатите од изборите во Германија.

Новинарите го прашаа Бајден, враќајќи се во Белата куќа викендов, како гледа на резултатите од парламентарните избори во Германија.

Претседателот рече дека се уште не е запознаен, но откако новинарите го известија дека социјалдемократите имаат мало водство, Бајден извика: „По ѓаволите, тие се силни“.

Во неделата во Германија се одржаа парламентарни избори. Според резултатите од гласањето, ќе се формира четиригодишна влада и ќе се избере канцелар кој ќе ја замени Ангела Меркел, која ја извршуваше функцијата 16 години.

Слични содржини