Бајден ја зголеми квотата на бегалци кои можат да влезат во САД оваа година

од Берта Китинска

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ја зголеми квотата за прием на бегалците на 62.500 откако во изминатиот период се соочи со критики бидејќи доцни со измената на рекордно ниската квота од 15.000, која ја постави неговиот претходник Доналд Трамп.

Во изјавата о Бајден рече дека новата граница „го брише историски нискиот број поставен од претходната администрација“, додавајќи дека квотата на Трамп не ги одразува американските вредности како нација што прима и поддржува бегалци.

„Важно е да се преземе оваа акција денес со цел да се отстрани долгогодишното сомневање за бегалците ширум светот кои страдале толку многу и кои со нетрпение чекаат да започнат своите нови животи“, додаде Бајден.

Бајден рече дека е „тажна вистина“ дека САД нема да ја достигнат границата од 62.500 до крајот на фискалната година во септември, со оглед на пандемијата и ограничувањата на опциите за преместување.

Агенциите кои се занимаваат со проблемот на бегалците во САД ја поздравија одлуката на Бајден, откако со месеци го критикуваа поради тоа што времено ја поддржувал квотата поставена од Трамп.

Слични содржини