Бајден ќе ја одликува медицинската сестра која ја прими првата вакцина против коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Медицинската сестра од Њујорк, која ја прими првата вакцина против коронавирусот одобрена од Американската агенција за лекови – ФДА, на 7 јули на голема церемонија ќе го добие Медалот на слободата од американскиот претседател Џозеф Бајден, соопшти Белата куќа, објавија американските медиуми.

Сандра Линдзи, медицинска сестра на интензивна нега во Квинс, ќе биде меѓу 17-те добитници на наградата, највисокото признание на нацијата, заедно со актерот Дензел Вашингтон.

Таа ја прими првата доза од вакцината Pfizer-BioNTeć на 14 декември 2020 година, а втората на 4 јануари 2021 година, со што стана првата личност во САД што била целосно вакцинирана против смртоносниот вирус.

Слични содржини