Бајден ќе прогласи состојба на елементарна непогода во Тексас

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува да прогласи состојба на елементарна непогода за Тексас, што би предизвикало механизми за испраќање поголема федерална помош на оваа американска држава, пренесува Би-Би-Си.

Би-Би-Си наведува дека американскиот претседател потврдил дека е подготвен да прогласи состојба на елементарна непогода во Тексас, кој се бори со силно невреме, штом таков документ изготват неговите соработници и дека ќе ја посети таа сојузна држава кога неговото доаѓање нема да претставува проблем за тамошните власти.

Претставници на Белата куќа потврдија дека Бајден е во контакт со градоначалниците на некои од најголемите градови во Тексас, како што се Хјустон, Остин и Далас, со цел да им се овозможи пристап до владините средства за санирање на последиците од катастрофата.

Милиони жители на Тексас останаа без електрична енергија по големата снежна бура, чие снабдување сега се нормализира и температурите на воздухот растат, но околу 13 милиони луѓе сè уште се соочуваат со тешкотии во пристапот до чиста вода.

Слични содржини