Бајден: Можеби ќе ги укинеме тарифите на Трамп за Кина за да ја намалиме инфлацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека може да ги укине тарифите наметнати за увоз на кинески стоки со цел да помогне да се стави под контрола зголемената инфлација во Соединетите држави.

-Белата куќа ги ревидира казните наметнати во времето на поранешниот претседател Доналд Трамп – кои ги зголемија цените на сè, од пелени до облека и мебел – и може да одлучи да ги отстрани целосно, рече Бајден во обраќањето до нацијата од Вашингтон во вторникот вечерта, пренесе CNBC.

Американскиот претседател истакна дека комбинацијата на мерките за ковид на ограничувања во земјата и странство и руската инвазија на Украина предизвикаа најголем скок на цените во САД од почетокот на 1980-тите.

Слични содржини