Бајден назначи нов директор на НАСА

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден го назначи поранешниот сенатор од Флорида, Бил Нелсон за нов администратор на вселенската агенција НАСА.

Нелсон (78), кој моментално работи во Советодавниот одбор на НАСА, е познат по тоа што летал со шатл, непосредно пред несреќата на Челинџер, пренесува АП.

Доколку неговиот избор биде потврден од Сенатот, Нелсон ќе стане 14-ти администратор на НАСА и тој ќе го замени уште еден поранешен член на Конгресот, Џим Брајденштајн.

По номинацијата, Нелсон рече дека, ако стане администратор, ќе ја подобри работата на агенцијата.

„Тимот на НАСА продолжува да го постигнува навидум невозможното додека влегуваме во вселената“, рече тој.

Слични содржини