Бајден: Не сакам воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем во светот

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем во светот, пренесува Анадолија.

„Американската воена моќ треба да биде нашата последна опција, а не да се користи како одговор на секој проблем што го гледаме во светот“, рече Бајден во обраќањето на 76. седница на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој нагласи дека САД и партнерите мора да работат заедно како никогаш досега поради закани по безбедноста, просперитетот и слободата.

Тој додаде дека САД не сакаат проблеми и нова Студена војна.

„Не сакаме нова Студена војна или свет поделен на ригидни блокови. Повторувам уште еднаш, не се стремиме кон тоа“, рекол американскиот претседател.

Тој нагласи дека ќе го одржи ветувањето дека Иран не поседува нуклеарно оружје и додаде дека ќе продолжи со дипломатските напори за враќање на нуклеарниот договор.

Бајден се осврнал и на израелско-палестинското прашање, велејќи дека поддржува решение за две држави, велејќи дека тоа е „најдобриот начин“ да се обезбеди „иднината на Израел како еврејска демократија“ и одржлива и суверена палестинска држава.

„Вие и јас имаме волја и капацитет да го направиме тоа подобро“, вели Бајден во своето обраќање.

Слични содржини