Бајден: Не верувам дека ќе има доволно републикански гласови во Сенатот за отповикување на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Не верувам дека ќе има доволно гласови на републиканците во Сенатот за отповикување на Доналд Трамп, рече американскиот претседател Џо Бајден.

„Мислам дека отповикувањето мора да се случи. Тоа би имало влијание врз законодавната агенда и изборот на номинирани за владиниот кабинет, но би имало полошо влијание доколку не се случи“, изјави Бајден за американските медиуми.

Тој додаде дека резултатот од сослушувањето во Сенатот би бил различен доколку на Трамп му остануваа уште шест месеци од неговиот мандат, но дека е тешко 17 сенатори да гласаат за негово отповикување.

„Сенатот се смени од кога јас бев таму, но тој не се смени толку многу“, рече Бајден, кој беше претседател на Сенатот како потпретседател на САД под Барак Обама.

Претставничкиот дом на американскиот конгрес го усвои отповикувањето на Доналд Трамп, а во понеделникот ја испрати таа резолуција до Сенатот за одлучување.

Сенатот ќе го започне сослушувањето на 8 февруари.

Слични содржини