Бајден нема намера да се сретне со Ким

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден нема намера да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, соопшти вчера Белата куќа.

На прашањето дали дипломатскиот пристап на Бајден кон Северна Кореја би значел дека тој ќе седне да разговара со Ким, како што тоа го стори поранешниот американски претседател Доналд Трамп, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека смета дека пристапот на Бајден ќе биде поинаков и дека тој нема намера да го стори тоа, пренесува „Ројтерс“.

Северна Кореја лансираше нов вид тактичка балистичка ракета со среден дострел минатата недела, што го натера Вашингтон да побара состанок на комитетот за санкции на Советот за безбедност на ООН, кој потоа го критикуваше спроведувањето на ваквото ракетно тестирање.

Слични содржини