Бајден: Од народот во Авганистан зависи како ќе се води земјата

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека од авганистанскиот народ зависи на кој начин ќе ја водат својата земја, најавувајќи дека американската воена мисија во Авганистан ќе заврши на 31 август, и покрај новата загриженост за можноста за граѓанска војна.

„Не отидовме во Авганистан за да изградиме држава“, рече Бајден, пренесе „Ројтерс“.

„Исклучително право и одговорност на авганистанскиот народ е да одлучува за својата иднина и како сака да управува со својата земја“, рече тој.

Бајден рече дека Соединетите држави планираат да протераат илјадници авганистански преведувачи од земјата, очекувајќи крај на американската воена мисија во таа земја на 31 август.

Во меѓувреме, талибанските борци денеска ја презедоа контролата врз клучниот округ во западен Авганистан кој го вклучува главниот граничен премин со Иран, соопштија авганистанските безбедносни власти, додека исламистичките бунтовници продолжија со брзиот воен напредок низ целата земја. Според портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, талибанците окупирале десетина окружни центри во Авганистан.

„Тие окупираа десетина окружни центри, тоа е точно. И ние веруваме дека тие сакаат да ги загрозат и покраинските центри“, истакна Кирби.

Слични содржини