Бајден одбра пензиониран генерал за нов министер за одбрана

од Stefanija Kuzmanovska

Новиот министер за одбрана во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе биде пензионираниот генерал Лојд Џеј Остин, кој беше командант на американските сили на Блискиот исток за време на претседателот Барак Обама, и тој е првиот Афроамериканец на таа позиција.

Конгресот под демократска контрола лесно ја донесе одлуката неопходна за потврда на Остин за министер за одбрана, што е прва одлука што новиот претседател ќе ја претвори во закон, а Сенатот треба да ја потврди таа одлука денес, пренесува АП.

Остин, со воена кариера од 41 година, вети дека ќе се опкружи со квалификувани цивили и ќе ги вклучи во политичките одлуки. Тој рече дека скоро целиот свој живот го поминал посветен на принципот на цивилна контрола над армијата.

Остин дипломирал на Американската воена академија Вест Поинт во 1975 година, служел во 2012 година како прв афро-американски заменик началник на Генералштабот на армијата, а една година подоцна го презеде раководството на Централната команда на Блискиот исток, според агенцијата.

Слични содржини