Бајден опцу новинар (ВИДЕО)

од Milan1

Американскиот претседател Џо Бајден беше вчера опцу новинар на „Фокс њуз“ на настан во Белата куќа, откако новинарот го доведе во прашање влијанието на зголемената инфлација врз овогодинешните конгресни избори.

Додека новинарите го напуштаа состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот на Белата куќа Питер Дуси повика дали може да праша за инфлацијата и дали тоа е политичка одговорност, пренесува Ројтерс.

„Тоа е голема предност, повисока инфлација“, рече Бајден саркастично, но поради вревата на новинарите кои извикуваа прашања, очигледно не сфаќајќи дека неговиот микрофон е сè уште вклучен тој опцу.

„Каков глупав кучкин син“, додаде Бајден.

Потрошувачките цени во САД драматично се зголемија во декември, што резултираше со најголем годишен скок на инфлацијата во речиси четири децении.

Меѓутоа, помалку од еден час по овој инцидент, Бајден му се јавил на Дуси на мобилниот телефон и му објаснил дека тоа не е „ништо лично“.

Бајден го презеде претседателството пред една година, ветувајќи дека ќе заземе тврд став против какво било непочитување меѓу членовите на неговата администрација, потсетува Ројтерс.

Слични содржини