Бајден по хаотичната дебата: Ако Трамп ги изгуби изборите и одбие да се повлече, Американците нема да го толерираат тоа

од Aleksandar Petrovski

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден изјави денеска дека Американците нема да застанат настрана ако претседателот Доналд Трамп ги загуби изборите и одбие да се повлече.

Тој рече дека за време на кампањата во Охајо, ден откако Трамп повторно одби да каже во претседателската дебата дали ќе ги прифати резултатите од изборите во ноември, пренесува Ројтерс.

„Претседателот ќе се повлече“, рече Бајден и додаде дека американскиот народ нема да го толерира спротивното.

„Американските граѓани ќе одлучат кој ќе биде следниот претседател. Точка”, заклучи Бајден.

Слични содржини