Бајден по пресудата за Грајнер: Русија греши, цел свет го знае тоа

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека пресудата на рускиот суд против американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор под обвинение за поседување дрога во Русија е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

– Денеска американската државјанка Бритни Грајнер е осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвори Бритни – се вели во соопштението на Бајден, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи кошаркарката, „за да може да биде со својот партнер, најблиските, пријателите и соиграчите“.

Рускиот суд ја осуди кошаркарката Грајнер на девет години затвор, прогласувајќи ја за виновна за поседување дрога и шверц.

Судот, исто така, нареди Гринер да плати парична казна од еден милион рубљи (околу 16.000 долари). Судот во пресудата навел дека Грајнер делото го сторила намерно, иако признала дека згрешила.

Кошаркарската ѕвезда на ВНБА и двократна олимписка шампионка беше уапсена во февруари на аеродромот Шереметјево во Москва, откако во нејзиниот багаж беше пронајдено масло од канабис.

Слични содржини