Американскиот потпретседател Џо Бајден синоќа ја повика Турција да ги повлече своите војници од Ирак, кои, како што рече, се ноѓаат на ирачка територија без согласност на властите во Багдад.  Dzo-bajden-jutjub

На средба со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, Бајден порача дека САД го поддржуваат територијалниот интегритет на Ирак и ја повика и Турција да го стори истото.

Според дипломатски извори од Вашингтон, Бајден и Абади се согласиле дека секој влез на странски сили во Ирак треба да биде одобрен од властите во Багдад, при што ги поздравиле најавите на Анкара дека повлекла дел од своите војници од северен Ирак.

Повикот на Бајден следи по вчерашниот напад на припадници џихадистичката група Исламска држава (ИД) врз воената база кај градот Башика во северен Ирак, во која се стационирани турските војници.

Според локални медиуми, при нападот бил повредени најмалку четворица турски војници, додека над 70 „се водат како исчезнати“. Истите извори информираа дека припадниците на ИД истрелале над 300 гранати врз базата.

Турција на 4 декември распореди тенкови во севениот дел на Ирак со образложение дека то го прави во рамки на обуката на курдските сили кои се борат пропив припадниците на ИД.

Багдад остро регаираше на ваквата постапка, оценувајќи дека тоа претставува кршење на ирачкиот територијален суверенитет и побара од Анкара веднаш да ги повлече своите војници од територијата на Ирак.

Распоредувањето на турските војници во северен Ирак, претходно го осуди и Москва, која оцени дека таквата постапка е незаконска и неприфатлива/МИА

Слични содржини