Бајден повторно позитивен на Ковид-19

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на Ковид-19, пренесоа светските агенции. Тој нема никакви симптоми и повторно ќе се изолира за да ја заштити својата придружба, објави неговиот личен лекар во писмото што го дистрибуираше Белата куќа.

Бајден, кој има 79 години, беше позитивен на тестот во саботата, напиша д-р Кевин О’Конор. Тој нагласува дека кај пациентите третирани со „Paxlovid“ за инфекција со Ковид-19, по неколку негативни тестови, по завршувањето на третманот повторно може да се забележи позитивен тест, а токму тоа се случило со Бајден.

Докторот нагласува дека симптомите на Бајден не се повториле и тој се чувствува целосно добро. Така, во овој момент нема причина да се продолжи со лекувањето, но претседателот е под опсервација.

Бајден се зарази со Ковид-19 на 21 јули и имаше благи симптоми. Има целосен циклус на вакцинација и две бустер дози.

За време на инфекцијата, тој бил лекуван со Paxlovid, антивирусен лек кој делува на тој начин што ја намалува способноста на вирусот да се реплицира и на тој начин да го забави напредокот на болеста. Лекот се зема во првите денови по почетокот на симптомите за да биде ефикасен.

Во САД се препорачува за луѓе кои се изложени на ризик да се разболат сериозно. Бајден спаѓа во таа категорија поради неговата возраст.

Слични содржини