Бајден предложи средба со Путин: Го предупредува да се откаже од Украина

од Vladimir Zorba

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, предложил средба со првиот човек на Русија, Владимир Путин, пренесе Спутник.

Двајцата државници имаа телефонски разговор за време на кој Бајден го поканил Путин да оствари средба во „трета земја“.

– Бајден ја потврди својата желба да изгради стабилни и предвидливи односи со Русија кои се совпаѓаат со интересите на САД и предложи да се организира состанок во следните месеци во трета земја за да разговараат за повеќе прашања со кои се соочуваат двете земји – се наведува во соопштението на Белата куќа.

Исто така, за време на разговорот, Бајден изразил загриженост во врска со акумулацијата на руските воени сили на Крим и границата со Украина и ја повика Русија на „намалување на тензиите“ и повлекување.

Според „Дејли меил“, за време на разговорот, американскиот претседател ја повторил поддршката за „украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет“.

Слични содржини