Бајден предупредува: „Путин не се шегува кога се заканува со нуклеарно оружје“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека за првпат по Студената војна и ракетната криза на Карибите, на светот му се заканува нуклеарна војна.

„Ние не сме се среќавале со изгледите за нуклеарен армагедон уште од времето на Кенеди и кризата на Карибите во 1962 година“, навел американскиот лидер.

Тој ја адресирал одговорноста за ескалацијата на ситуацијата на руското раководство. Според него, рускиот лидер Владимир Путин „не се шегува кога се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје“.

Да потсетиме, Путин на крајот на септември во обраќањето до граѓаните рече дека Западот ја преминал секоја граница во својата антируска политика, како и со постојаните закани кон Русија.

Според него, Западот користи нуклеарна уцена, употреба на оружје за масовно уништување против Русија.

Рускиот лидер го потсети Западот дека Русија е супериорна во однос на странската воена технологија во голем број компоненти и ги предупреди оние што се обидуваат да ја уценат со нуклеарно оружје дека „розата на ветерот може да се сврти во нивна насока“.

Слични содржини