Бајден: Русија веднаш да го ослободи Навални

од Vladimir Zorba

Претставник на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека Русија треба веднаш да го ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше приведен по враќањето од Берлин во Москва.

„Навални треба веднаш да биде ослободен, а сторителите на невидениот напад врз него треба да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Џејк Саливен, идниот советник за национална безбедност на Бајден, во објава на Твитер.

Според Ројтерс, се додава „дека нападот на Кремљ врз животот на Навални не е само кршење на човековите права, туку е и навреда за сите Руси кои би сакале да се слушне нивниот глас“.

Руската полиција го уапси опозицискиот лидер Алексеј Навални на пасошка контрола на аеродромот „Шереметјево“, веднаш откако тој од Германија пристигна во Москва.

loading...

Слични содржини