Бајден: САД би интервенирале воено во случај на кинеска инвазија на Тајван

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди денеска во Токио дека САД „воено ќе го бранат Тајван доколку Пекинг го нападне“ тој автономен остров, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасноста“.

„Тоа е обврската што ја презедовме“, рече Бајден на прашањето на новинарите дали САД ќе интервенираат воено против обидите на Кина да ја заземе територијата насилно.

„Се согласивме со политиката на една Кина, ја потпишавме… но идејата дека (Тајван) може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна“, рече Бајден.

Тој рече дека тоа „ќе го наруши целиот регион и ќе биде уште една акција слична на она што се случи во Украина“.

Според него, по руската инвазија на Украина, се зголемува потребата за заштита на самоуправниот остров.

Според политиката на „Една Кина“, САД го признаваат Пекинг како влада на Тајван и немаат дипломатски односи со Тајван. Сепак, тие одржуваат неформални контакти со Тајван, вклучувајќи ја и „де факто“ амбасадата во главниот град Тајпеј.

Соединетите држави обезбедуваат и воена опрема за одбрана на Тајван.

Слични содржини