Бајден: САД обезбедија милиони дози од експерименталната пилула

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека САД обезбедиле милиони дози од експерименталната антивирусна пилула од компанијата Фајзер против Ковид-19 во случај да се покаже како ефикасна.

„Ако тие бидат одобрени од ФДА, наскоро би можеле да имаме апчиња кои ќе го излечат вирусот кај оние кои се инфицираат“, рече Бајден, пренесе Ројтерс. Тој изјави дека САД веќе обезбедиле милиони дози.

„Терапијата би била уште едно средство во нашата кутија со алатки за заштита на луѓето од најлошите исходи од Ковид-19“, рече Бајден.

Да потсетиме, Фајзер во петокот ги објави прелиминарните резултати од неговата студија, која беше спроведена на 775 возрасни лица. Кај пациентите кои го земале лекот заедно со друг антивирусен лек имало 89 отсто намалување на хоспитализација или стапката на смртност по еден месец.

Слични содржини