Бајден сака Конгресот да преземе акција за контрола на оружјето

од Stefanija Kuzmanovska

Џо Бајден го повика Конгресот да преземе акција за контрола на оружјето, велејќи дека училиштата и болниците станале „бојни полиња“

Само еден ден по уште еден масакр на петмина убиени во Тулса, Оклахома, претседателот Џо Бајден зборуваше во Белата куќа, откако претходно помина меѓу свеќи наредени во два реда во спомен на жртвите од оружје низ Америка.

Кон крајот на мај, 19 деца и двајца учители беа убиени во основно училиште во Увалде, Тексас, а неколку дена претходно, вооружен маж уби 10 луѓе во супермаркет во Бафало, Њујорк.

Бајден ги повика пратениците да донесат одлука за забрана за офанзивно оружје и да ја зголемат возраста за купување оружје од 18 на 21 година. Тој го повика Конгресот да ги засили проверките за набавките на оружје и да им дозволи на властите да одземат оружје од оние кои би можеле да претставуваат закана за нив или за другите.

Иако во Претставничкиот дом се водат дводомни разговори и за новите закони за оружје ќе се гласа следната недела, Бајден не изгледа оптимист за нивното усвојување, бидејќи Сенатот е поделен со 50 спрема 50, а нацрт-законот мора да помине со најмалку 60 гласови.

Слични содржини