Бајден се опорави од корона, денеска излегува од карантин

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден повеќе не е во изолација откако доби два негативни теста на коронавирус.

Тој беше тестиран минатата ноќ и повторно денеска, соопшти лекарот на Бајден, Кевин О’Конор.

Во писмото на О’Конор објавено од Белата куќа, се наведува дека Бајден го завршил лекувањето со лекот паксловид и нема температура.

Со оглед на тие фактори и двата негативни теста, Бајден ги прекинува строгите мерки за изолација.

Во текот на денот се очекува тој да присуствува на состанок во Белата куќа.

Слични содржини