Бајден се откажува од санкциите против „Северен тек 2“?

од Stefanija Kuzmanovska

Администрацијата на Бајден има намера да ги укине санкциите против „Северен тек 2 АГ“ (оператор „Северен тек 2“), пишува порталот „Аксиос“, повикувајќи се на два извора запознаени со одлуката.

– Администрацијата на Бајден ќе ги одложи санкциите против компанијата и нејзиниот извршен директор Матјас Варнига, кој ја надгледува изградбата на рускиот гасовод „Северен тек 2“ до Германија, прецизира порталот.

Според порталот, Стејт департментот наскоро ќе испрати извештај до Конгресот, во кој ќе бидат вклучени организациите вклучени во изградбата на „Северен тек 2“, против кои е неопходно да се применат санкции. Стејт департментот планира да побара воведување санкции за неколку руски бродови, се додава во написот.

Се напоменува дека Стејт департментот признава дека „Северен тек 2 АГ“ и неговиот извршен директор Матјас Варниг се вклучени во активности против кои треба да се воведат санкции. Сепак, имајќи ги предвид националните интереси, Стејт Департментот ќе се откаже од нивното воведување.

Вашингтон дошол до заклучок дека единствениот начин да се запре проектот, кој е веќе 95 процентен готов, е да се воведат санкции против германските корисници на гас, а американскиот претседател Џозеф Бајден не е подготвен да ги расипе односите со Германија по ова прашање, се наведува во соопштението.

Слични содржини