Бајден: Ситуацијата на границата на ЕУ е многу загрижувачка

од Vladimir Zorba

САД се загрижени поради ситуацијата на полско-белоруската граница каде илјадници мигранти се обидуваат да влезат во Европската унија.

„Мислам дека тоа е многу загрижувачки“, рече американскиот претседател Џо Бајден во петокот.

„Ги пренесовме нашите грижи до Русија и ги пренесовме до Белорусија“, им рече Бајден на новинарите во градината на Белата куќа.

Москва е главниот сојузник на долгогодишниот белоруски претседател Александар Лукашенко.

Слични содржини