Бајден со кандидатура и во 2024: Во првата конференција претседателот ги боцна Пекинг и Пјонгјанг

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Вашингтон рече дека Северна Кореја е „главно надворешно-политичко прашање“.

На првата прес-конференција по преземањето на функцијата, Бајден рече дека Северна Кореја ја прекршила резолуцијата на ООН лансирајќи балистички ракети и дека Соединетите држави и нивните сојузници ќе одговорат во случај на ескалација.

„Јас сум исто така подготвен за некаква форма на дипломатија, но тоа мора да биде условено со крајниот резултат на денуклеаризацијата“, рече тој.

Северна Кореја лансираше две балистички ракети кои, според јапонските власти, паднале во Јапонското Море.Бајден исто така рече дека амбицијата на Кина да стане најбогата и најмоќна земја во светот „нема да се случи за време на мојот мандат“.

Тој рече дека ќе се обиде да се спротивстави на зајакнувањето на Кина, Соединетите држави, со зголемување на нејзините инвестиции во наука и истражување. Ова е област во која, како што рече, Кина напредува, додека САД не држат чекор.

Претседателот на Соединетите држави изјави дека јасно му рекол на кинескиот лидер Си Џинпинг дека САД ќе продолжат „неуморно“ да го повикуваат Пекинг за кршење на човековите права.

Американскиот претседател вети дека ќе ги повлече трупите од Авганистан, но изрази сомнеж во почитувањето на рокот за повлекување на 1 мај, што беше утврден со договорот потпишан од Трамп.

Зборувајќи за домашни теми, претседателот на прес-конференција изрази надеж дека 200 милиони дози вакцини против коронавирусот ќе бидат дадени пред истекот на неговите први 100 дена на власт.

Бајден исто така рече дека „нема да се извини“ за поништување на некои одлуки за имиграциската политика што беа донесени за време на неговиот претходник Доналд Трамп.

Администрацијата на Бајден на 2 февруари објави дека повеќе нема да ја поддржува политиката на Трамп за автоматско депортирање малолетници без придружба кои бараат азил. Две недели подоцна, Белата куќа објави прием на 25.000 баратели на азил во САД, кои беа принудени да останат во Мексико.

Бајден исто така најави дека ќе се кандидира на следните претседателски избори во 2024 година. Бајден има 78 години и е најстариот претседател досега. Тој би имал 82 години на почетокот на евентуалниот втор претседателски мандат.

Слични содржини