Бајден со Зеленски: Ќе се залагам за суверенитетот на Украина

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска во телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски дека ќе се залага за украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет пред самитот со рускиот претседател Владимир Путин.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан пред новинарите изјавил дека двајцата лидери разговарале за билатералните односи пред патувањето на Бајден во Европа, објави Ројтерс.

„Тие имаа можност опсежно да разговараат за сите прашања поврзани со американско-украинските односи, а претседателот Бајден му порача на претседателот Зеленски дека тој цврсто ќе се залага за суверенитетот, територијалниот интегритет и аспирациите на Украина додека се движиме напред“, рече Саливан.

Зеленски и Бајден ги усогласија своите политички позиции за време на телефонскиот разговор, пред средбата на Бајден со Путин, изјави Михаило Подолјак, советник на шефот на кабинетот на Зеленски.

Зеленски му се заблагодари на Бајден за поканата за време на телефонскиот разговор да дојде во Белата куќа во јули.

Како одговор, Зеленски напиша дека се заблагодарува за поканата и дека со нетрпение го очекува состанокот на кој ќе разговара за подобрување на стратешката соработка меѓу Украина и САД.

Слични содржини