Бајден стравува од висок број на жртви од ураганот „Јан“

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ураганот „Јан“ може да биде најсмртоносниот ураган во историјата на Флорида и дека стравува од голем број загинати, истакнувајќи дека бројките во моментов не се јасни, но добил информации дека може да биде значаен број на загинати.

Бајден зборуваше во седиштето на Федералната агенција за управување со вонредни состојби, која има задача да им помага на државите и поединците во кризни ситуации.

Бајден рече дека федералната влада ќе ги покрие сите трошоци за расчистување на остатоците и спасувачката операција на Флорида. Тој додаде дека неговата администрација ќе покрие најголем дел од трошоците за обнова на училиштата и другата јавна инфраструктура оштетена од ураганот.

Прогласена е вонредна состојба.

Слични содржини