Бајден: Трамп се откажа од оваа земја

од Stefanija Kuzmanovska

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден им порача на Американците дека претседателот Доналд Трамп кренал раце од нив и дека кренал раце од земјата.

Во преносот во живо на Интернет, Бајден го обвини Трамп дека не успеал да ја води земјата за време на пандемијата на коронаврус, додавајќи дека инфекцијата се шири секој ден и дека премногу Американци сè уште се без работа и губат надеж.

Поранешниот потпретседател рече дека личниот персонал на Трамп признал дека Трамп паднал најважниот можен тест како американски претседател, пренесува „Гласот на Америка“.

За време на дневниот брифинг за коронавирус во вторникот, Трамп се обиде да ја претстави својата администрација како ефикасна во одговорот на пандемијата, велејќи дека потенцијалните вакцини ќе пристигнат многу порано отколку што некој сметал дека е можно и зборуваше за нов пакет помош за Американците засегнати од вирусот.

Белата куќа го продолжи дневниот брифинг, откако ја прекина практиката во април.

Забелешките на Бајден доаѓаат по последниот дел од кампањата, што тој го одржа во неговата матична држава Делавер.

Тој ги пренесе своите пораки на собирот што се одржа во основното училиште во Њукасл во присуство на помалку од 30 лица, меѓу кои има и некои поканети гости, началник на кампањата, агенти на тајните служби доделени на Бајден и група на известувачи.

Слични содржини