„Бајден треба да размисли за помилување на Трамп, со што ќе ја спречи поделбата на САД“

од Nikola Popovski

Поранешниот директор на Федералното биро за истраги на САД, Џејмс Коми смета дека новиот претседател eо Бајден треба да размисли за помилување на Доналд Трамп за немирите во Капитол, со цел да го отстрани од јавноста и да ја „излечи земјата“ од поделба, иако тој лично верува дека „местото на претседателот во заминување му е во затвор“.

На прашањето на новинарите на Би-Би-Си дали Бајден треба да го помилува Трамп на ист начин како што тоа го стори Џералд Форд со Ричард Никсон по Вотергејт во 1974 година, Коми рече дека би било добро за смирување на тензиите во државата, затоа што обвинителството само го држи Трамп во центарот на вниманието на јавноста.

„Очигледно дека тој има место во затвор“, рече Коми за поранешниот претседател кој го отпушти за време на неговиот мандат, додавајќи дека Бајден треба да го помилува неговиот претходник, да ги смири страстите и така што, како што рече, „Америка може да се излечи“, пренесува „Дејли Меил“.

Коми за време на интервјуто рече дека му е тешко поради минатонеделниот напад врз Капитол и дека е лут од реакцијата, како што рече, на „опуштената безбедност“ што им овозможи на приврзаниците на Трамп да влезат во Конгресот, пишува Дејли меил.

Поранешниот директор на ФБИ вели дека од безбедносна гледна точка, приврзаниците на Трамп можат да бидат наречени „домашни терористи“ поради нападот врз Капитол, и тој тврди дека отповикувањето на Трамп би било добро за САД, бидејќи поранешниот претседател ја деградирал својата функција со непочитување на законот.

На прашањето дали очекува нови немири за време на инаугурацијата на новиот претседател, Коми, кој го водеше ФБИ за време на две инаугурации, рече дека заканата постои, но дека е целосно убеден дека оваа церемонија ќе се одвива без проблеми.

„Овој настан е за американските служби, нешто како Суперболот за безбедност“, рече Коми, алудирајќи на последниот натпревар од националната фудбалска лига во САД, и додаде дека службите знаат како да реагираат, но во исто време тој е свесен дека можноста за нови немири е реална, наведува британскиот весник.

loading...

Слични содржини