Бајден за судскиот случај за убиството на Флојд: Се молам пресудата да биде исправна, тие се добро семејство

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека се моли пресудата против поранешниот полицаец Дерек Шовин, обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, да биде исправна и изјави дека доказите се очигледни.

Додека претседателот разговараше со семејството Флојд. Судската поротата започна расправа за време на која ќе се донесе одлука дали Шовин е виновен за убиството, пренесува лондонски „Гардијан“.

– Можам да замислам под каков притисок е семејството Флојд и како се чувствуваат. Тие се добро семејство и се залагаат за мир – изјави Бајден.

Додека се чека пресудата за Шовин, се подготвуваат протести во американските градови, вклучувајќи ги Минеаполис и Вашингтон.

Филонаид Флојд, брат на убиениот Џорџ, ги повика Американците да протестираат мирно.

Слични содржини