„Бајонтек“ и „Фајзер“ поднесоа барање за одобрување на трета доза

од Stefanija Kuzmanovska

Производителите на вакцини „Бајонтек“ и „Фајзер“ поднесоа барање до американските и европските регулатори за одобрување на трета доза од нивната вакцина против ковид-19, а врз основа на докази за поголем ризик од инфекција шест месеци по вакцинацијата.

„Модерна“, исто така, поднесе барање до американските регулатори за целосно одобрување на нивните вакцини, пишува „Ројтерс“.

Американската администрација за храна и лекови има намера да ја одобри вакцината на „Фајзер“ до почетокот на септември, објави „Њујорк тајмс“.

Светската здравствена организација (СЗО), во меѓувреме, повика да се запре третата доза на вакцина против ковид-19 барем до крајот на септември за да се овозможи вакцинирање на најмалку 10 проценти од населението во секоја земја.

Засега нема коментари од научници и експерти, како и од СЗО, дека е потребна трета доза од вакцината.

Слични содржини