„БајонТек“ ќе ја користи истата технологија со која ја направи вакцината против Ковид-19 за да направи ВАКЦИНА ПРОТИВ МАЛАРИЈА

од Stefanija Kuzmanovska

Фармацевтската компанија БиоНТек денес соопшти дека сака да ја користи технологијата mRNA, која е применета на нејзината вакцина против коронавирус, за борба против маларијата.

Германската компанија, која ја разви првата широко одобрена вакцина против коронавирусот заедно со американскиот партнер Фајзер, има намера да започне клинички испитувања за безбедна и високо ефективна вакцина против маларија до крајот на следната година, објави АП.

БиоНТек наведува дека исто така сака да отвори фабрика за производство на mRNA вакцини во Африка, која спаѓа во регионите кои се борат да добијат доволно дози од вакцината против ковид-19.

Компанијата претходно изјави дека работи на кандидат за вакцина против туберкулоза, за која клиничките испитувања треба да започнат во 2022 година, како и на терапии за неколку видови на рак.

Слични содржини