Бакингемската палата ги објави деталите на погребната церемонија за принцот Филип

од Stefanija Kuzmanovska

Вчера беше објавен списокот од 30 гости на кои ќе им биде дозволено да присуствуваат на погребот на принцот Филип, кој се одржува во помал формат, поради усогласеност со епидемиолошките мерки.

Четирите деца на војводата од Единбург ќе се движат покрај неговиот ковчег на погребот во сабота, пренесува Би-Би-Си.

Принцовите Чарлс, Ендру, Едвард и принцезата Ана, како и внуците, принцовите Вилијам и Хари, ќе одат покрај ковчегот до капелата Сент Џорџ во Виндзор.

На списокот на гости има 30 лица, од кои тројца се роднини од Германија.

Оние што ќе присуствуваат ќе бидат облечени во цивилна облека, а не воена.

Собраните ќе мора да носат маски и физички да се дистанцираат според ограничувањата, додека кралицата ќе седи сама.

Бакингемската палата објави детали за свечениот кралски погреб на принцот Филип што ќе се одржи во капелата во замокот Виндзор во 15 часот по локално време.

Меѓу другите гости се војвотката од Корнвол и војвотката од Кембриџ, сите внуци на војводата и нивните сопруги, децата на сестрата на кралицата принцезата Маргарет и Бернхард, престолонаследникот од Баден; Донатус, принцот и гроф од Хесе; и принцот Филип од Хоенлохе-Лангенбург.

Слични содржини