Бакнежот на првата дама на Америка и сопругот на потпретседателката ги запали мрежите

од Radmila Tasevska

Неколку минути пред американскиот претседател Џо Бајден да го започне своето обраќање за состојбата на нацијата, првата дама Џил Бајден се поздрави со сопругот на потпретседателката Камала Харис, а потоа се случи непријатна ситуација, која им се случи на речиси сите, бакнеж во образот се лизна во бакнеж на аголот на усните. Овој момент ги запали социјалните мрежи.

Џил Бајден излезе на сцената со аплауз и отиде до Даг Емхоф, сопругот на потпретседателката, и му подаде рака.

И тогаш имаше момент, најпрво контроверзен, а наскоро и вирален: двајцата си разменија бакнеж, во уста … или не баш во уста, туку некаде наоколу?“, прашаа корисниците на социјалните мрежи со неверување.

„Бакнеж на Унијата“, објави Њујорк Пост, кој воопшто не се сомнева дека станува збор за „бакнеж во уста“.

Такво мислење споделува и Fox News, кој објави видео со наслов: „Џил Бајден и Даглас Емхоф се бакнаа во уста“.

„Ах, ковид, сега е навистина минато“, твитна еден корисник со фотографија од бакнежот.

Слични содржини