„Балансер“: Да се укинат вработувањата по етничка припадност, предлага ДСКС, за статичарите валидна категорија е резидентно население

од Берта Китинска

Институциите и министерствата започнаа подготовките за усогласување на вработувањата по етничка линија откако министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити изработи нов балансер.

Од Државниот завод за статистика укажаа дека од последниот попис треба да се користат податоците за резидентното население на Македонија, а не и бројот на државјаните кои живеат во странство.

-Директорот на Државниот завод за статистика веќе неколку пати јавно објасни дека само податоците за резидентното население се релевантни и меѓународно споредливи, велат од ДЗС, за „Локално“.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, појасни дека единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и ги прифати и Евростат

-Ние како земја, категоријата нерезидентно население одлучивме да ја попишуваме затоа што имаме проблем со емиграцијата и тие податоци да се искористат за да се креираат политики да се намали емиграцијата и евентуално да се вратат луѓе, ама не може тие да бидат дел од никаква друга категорија население, изјави неодмана Симовски.

Во државната администрација според новиот „Балансер“ треба да има 31,54 отсто Албанци, а не 24,3 % колку што е процентот на Албанците кои живеат во Македонија, резидентно население.

До бројката 31,54 Алити дошол откако ги собрал сите попишани Албанци (24,3 отсто кои живеат во Македонија и 5,2 отсто Албанци од дијаспората).

На оваа бројка тој уште додал 2 проценти, Албанци кои според негова проценка се дел од оние 7,2 отсто кои го бојкотираа пописот.

Според новите правлиа сега во сите министерства, државни и јавни институции треба да има 57,92 Македонци, 31,54 отсто Албанци, 4,25 отсто Турци.

Злоупотреба на „балансерот“

Од Комисијата за спречување корупција појаснуваат дека кандидатитите лажеле за својата етничка припадност само да го добијат вработувањето. За пет работни места еден кандидат се пријавил под 3 различни националности – бил Ром, па Турчин, па Албанец.

Антикорупционерите се на ставот дека е потребан регулативата во насока на предвидување на механизми кои би ја спречилие злоупотребата на „Балансерот“, додвајќи дека ако не не се направи истиот да се укине.

-Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи во рамките на своите законски надлежности, констатира слабости во регулативата како и злоупотреба на „балансерот“ и изјаснувањето на етничката припадност при пријавувањето на огласите за вработување во јавната администрација.Оттаму, Државната комисија за спречување на корупцијата во неколку наврати укажа за оваа појава, за констатираните злоупотреби на балансерот, за неказнивоста на истите, како и за непреземање мерки од страна на надлежните органи за надминување на состојбите.Тргнувајќи од наведеното, ставот на Државната комисија за спречување на корупцијата е дека е потребна измена на регулативата во насока на предвидување на механизми за спречување на злоупотребите на „балансерот“, а доколу тоа не се направи истиот да се укине, велат за „Локално“, од ДКСК.

Регистерот на министерството за информатично општество и администрација покажува дека до крајот на минатата година во јавниот сектор биле вработени 132.088 лица, од кои 82.975 се Македонци, 22.954 Албанци, 2.203 Турци, а останатите Роми, Бошњаци, Срби и Власи.

Б.М.

Слични содржини