„Балансерот е квота, исто како и квотата од 40 отсто за пратенички“

од Vladimir Zorba

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити учествуваше на јавниот настан на тема: „На чија услуга е балансерот”, во организација на Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје.

Во прашањето за објаснувањето на балансерот, Алити појасни дека балансерот во суштина е квота која овозможува правична етничка застапеност во јавните институции.

„Балансерот во суштина е квота. Исто како што има квоти во парламентот за пратеници. Во идеален случај, не ни требаат квоти или балансери бидејќи го ставаме приоритетот на квалитетот. Сепак, знаеме дека овде не сме во таква идеална ситуација.

„Имено, да немавме квоти во Собранието, не знам дека ќе имавме 40% од пратениците жени. И поради оваа причина овде правиме позитивна дискриминација и сите се согласуваме дека ова е добра работа. Со други зборови, подобро отколку да немате квоти. Ова е логиката на оваа алатка за балансирање. “, изјави Алити.

Слични содржини