Балканскиот фолклорен фестивал „Духот на Балканот“ во Корча, Албанија: Обединување на уметноста и традицијата

од desk4

Во Корча, Албанија се одржа петтото издание на Балканскиот фолклорен фестивал “Духот на Балканот”, кој донесе прекрасна атмосфера со фолклорни елементи, а балканската традиција на карактеристична облека и ора обедини групи од неколку земји.

Фолклорните групи од Албанија, Косово, Македонија, Босна Херцеговина и Грција облечени во нивните национални носии, преку дефилето предизвикаа спектакул на улиците на градот Корча. Изведувајќи традиционални ора и песни, тие го претворија плоштадот пред стариот пазар во Корча во центар на балканскиот дух, извести весникот “Илинден”.

Во театарот “Андон Зако Чајупи” имаше извонреден настап на КУД “Илинден” од Битола, чии членови настапија со сплет на македонски ора од повеќе области на Македонија и добија бурни аплаузи од публиката.

За одличниот настап, КУД “Илинден” ја освои наградата “Највисоко уметничко ниво”.

 

Слични содржини