Балканскиот нарко картел работел прекувремено: Колку дрога запленила црногорската полиција за 5 години?

од Nikola Popovski

Во последните пет години црногорската полиција запленила 12 тони разни видови дрога, од кои најмногу марихуана – 11,8 тони, околу 81 килограм хероин и 164 килограми кокаин, а во истиот период биле уапсени 1.228 лица за трговија со дрога.

Експертите сметаат дека треба да се воведат построги казни за шверц на дрога, особено за оние што набавуваат наркотични средства, но и за оние кои понатаму ги дистрибуираат, пренесува РТЦГ.

Адвокатот Срѓан Лесковиќ објаснува дека за дело се казнува со затвор од три до 12 години.

„Построгите казни за ова дело се однесуваат на кривично дело сторено од организирана група или од самиот сторител. Покрај тоа, постои можност сторителот да биде ослободен од казна ако открие од кого ги набавил наркотиците“, рекол тој.

Според него, проблем е што законот не дефинирал каде е разликата помеѓу количината за сопствена употреба и поголемата количина.

„Прашањето е дали е пронајдена количина од два килограми за нивна сопствена употреба. Тоа не е практика кај нашите обвинителства, но тие луѓе веднаш се обвинети за трговија со дрога. Додека тоа не биде дефинирано со закон, секогаш ќе има простор за манипулација“, изјавил Лесковиќ. .

Тој додал дека во последно време дилерите врбуваат малолетни лица за работа затоа што тие не подлежат на кривична одговорност.

„Дилерите обично регрутираат ранливи деца кои имаат некој финансиски проблем. Продавањето во клубови, училишта, кафулиња, плажи е масовна појава и загрижува. Процедурата е многу едноставна: дилерот му приоѓа на детето и му купува подарок за да го освои. Втората фаза е да бара од детето да му биде курир, дека ќе добие пари за тоа, со што полека тоа се претвора во дилање“, рече тој.

Слични содржини