Балконска полиција-Луѓето ширум Европа масовно ги пријавуваат своите комшии: Види ги како се шеткаат додека другите се дома

од Aleksandar Petrovski

Неколку дена пред неговиот 58-ти роденден и по скоро еден месец во изолација, кореографот Лучано Матија Канито ги загуби нервите.

„Порака до сите нови шерифи и ноќни воини кои врескаат од терасите: Зошто да не ја искористите таа енергија за да им дадете на луѓето зборови на утеха, безбедност и љубов?“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Неколку дена порано неговиот брат, лекар во Тоскана, одел на работи кога некој се развикал од терасата, „Идиот! Остани дома!”.

„Мојот брат работи 12 часа на ден во првите редови на оваа борба, на најопасното место во светот“, објасни тој за Јуроњуз.

Во последните неколку недели се објавени снимките на градоначалниците на некои италијански градови кои излегуваа на улица да ги караат граѓаните што го напуштиле домот, при што повеќе од 40.000 се казнети со казна за кршење на мерките за изолација. Сепак, не само полицијата и другите владини претставници се загрижени дека се почитуваат мерките воведени заради корона пандемијата. Низ цела Европа, обичните граѓани ја преземаа оваа улога, па дури и го добија името: „балконска полиција“.

Во Велика Британија, најмалку шест полициски станици отвориле телефонски линии за пријавување непослушни соседи, но дури и во земји каде мерките за ограничување не се толку строги, граѓаните се крајно ревносни во опоменувањето на соседите да останат дома.

Јасмин Бауми и нејзината цимерка не го напуштија станот во Хамбург цели три дена, па во саботата решија да излезат, придржувајќи се кон правилата за оддалечување и отишле да набават храна.

Иако во Германија не постои целосно ограничување на движењето, што значи дека на луѓето им е дозволено да одат на прошетки, џогирање и да одат на шопинг, веднаш штом излегле надвор, некој им дофрлил од терасата: „Погледнете ги, тие се шеткаат додека останатите се дома. Вие сте морони. Заради такви како вас луѓето се разболуваат “, беснеел соседот.

Понекогаш опомени пристигнуваат и на социјалните мрежи и јавните личности не се поштедени. Натали Бенет, пратеничка на „Зелените“, била предупредена дека треба да биде дома, откако таа објавила дека се вратила од парламентот. Иако била свесна дека општеството е под „огромен стрес“ и се плаши, таа сепак верува дека во овој момент, луѓето треба да бидат љубезни еден кон друг:

„Мислам дека сите треба да се потрудиме за да бидеме љубезни, да правиме добри дела и да покажеме разбирање, а тоа се однесува на оние што коментираат за однесувањето и на оние на кои им се обраќаат преку коментарите“, изјавила таа.

Аличе Мјацо (32) од Милано смета дека однесувањето на улиците е знак дека Италијанците бараат жртвено јагне во кризава.

„Не ми е пријатно кога сум надвор. Додека чекате во ред во аптека или супермаркет, луѓето ве гледаат затоа што мислат дека треба да останете дома. Од една страна, сите сме во иста ситуација, соочувајќи се со вонредни мерки. Од друга страна, сите ние во другиот гледаме можна опасност или некој што ќе го обвиниме за тоа “, додава таа.

Слични содржини