„Балон концерти“: Дали вака во иднина ќе присуствуваме на забави и свирки? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Групата „Флејминг Липс“ изведе неколку уникатни настапи во Оклахома – сите членови на бендот и публиката беа во топки на надувување, како заштитна мерка поради пандемијата на коронавирус.

На секој концерт имаше по 100 балони, во еден можело да влезат максимум тројца, а членовите на бендот имле своја топка на надувување.

Идејата дошла од фронтменот Вејн Којн, кој често се движел меѓу обожавателите за време на настапот.

Пред концертот, тој рекол дека изведбата ќе биде „побезбедна од одењето во продавница“.

Внатре во секој балон имало звучник со висока фреквенција, како и шише со вода, вентилатор на батерија, крпа и знак „Морам да мочам / тука е жешко“.

Доколку температурата била висока во топката, во меурот се вбризгувал поладен воздух со помош на вентилатор, а оние кои морале да одат во тоалет прво морале да стават заштитна маска, а потоа да одат во собата за итни случаи придружени со обезбедувањето на концертот.

Концертите беа одложени во декември поради нагло зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Оклахома пред Божиќ.

„Тоа е многу ограничен, чуден настан. Но, подобро е да уживаме на концертот на тој начин отколку да го ризикуваме здравјето на семејствата и другите “, изјави Којн за списанието „Ролингстон“ минатиот месец.

„Мислам дека ова е нова нормала – можеби ќе дојдете на концертот, можеби не, но верувам дека ќе можеме да организираме сè“.

На концертот во петокот, бендот свирел класици, вклучувајќи ги Do You Realize, She Don’t Use Jelly и Race For The Prize, заедно со песни од минатогодишниот албум American Head.

Снимателот Нејтан Поуп објави фотографии од подготовките на концертот на Твитер:

Говорејќи за ТМЗ минатата година, Којн објасни дека е потребно многу отворен простор, така што посетителите, со маски над лицето, можат да останат физички дистанцирани пред да влезат во балоните – процес што трае околу 20 минути.

Тој додаде дека балоните имаат доволно кислород за да дишат три лица внатре „повеќе од еден час и 10 минути“ пред да се наполнат, иако е потребен пешкир за претходно да се избрише кондензацијата.

Според видеото со упатства објавени на Инстаграм профилот на пејачот, концертот завршува со тоа што сите топки се тркалаат до излезната врата, каде што треба повторно да ги стават маските пред да излезат од нив.

„Безбедност, сигурност, безбедност, но и забава“, им рече Којн на фановите.

Слични содржини