Бањата на Деми Мур изгледа на сè, освен на бања (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Актерката Деми Мур се посветила на смислување нови идеи за време на периодот во изолација поради коронавирус, и решила да снима нови содржини во форма на подкасти, а нејзината неодамнешна објава на Инстаграм предизвика лавина од реакции.

Таа својот нов проект го нарече „Валкана Дајана“, а новитетите ги претстави на голема публика на социјалните мрежи.

Сепак, освен самиот проект, огромен број коментари беа предизвикани од импровизираното студио на Деми во нејзиниот дом.

Имено, станува збор за нејзината бања, која изгледа на сè, освен на бања.

Тоа е просторија со најдобра акустика, но дизајнот на ентериер предизвика спротивставени коментари,но многумина беа воодушевени.

Покрај вообичаената санитарија, во бањата на Деми има и тросед со цветна шема, разни антиквитети, скулптури, тепих…

„Дали каучот е во бањата или ВЦ шолјата во дневната соба“, е еден од многуте коментари од збунетата публика.

Слични содржини